| четврток, 6 декември 2018 |

Од почетокот на протестите во Венецуела 28 луѓе се убиени,а 365 повредени

venecuela

Од почетокот на антивладините протести во Венецуела се убиени вкупно 28 луѓе, а 365 се повредени, соопшти денеска државниот обвинител Луиза Ортега Дијас, изразувајќи жалење поради атмосферата на „насилства и хаос“.
– Она што во Венецуела почна како мирни демонстрации се претвори во насилство и хаос – рече таа на маргините на конференција на Советот на ОН за човекови права во Женева.
Говорејќи на конференцијата што ја организираше венецуелската Влада на тема „напредокот и достигнувањата“ на земјата во областа на човековите права, Ортега Дијас рече дека меѓу убиените се и еден обвинител и тројца припадници на националната гарда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top