| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Претседателот Иванов со учесниците на лидерската школа и странски амбасадори

Претседателот на Република Македонија и кандидат за уште еден мандат на чело на државата Ѓорге Иванов вечерва учествуваше на настанот организиран од „Школата за лидери“  во хотелот Стоунбриџ.

На настанот учествуваа и Британскиот амбасадор  Кристофер Ивон, шефот на канцеларијата за врски на Република Грција Теохарис Лалакос, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет, Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадорите на Италија, Словенија, Полска и други дипломатски претставници во Скопје.

 

Gjorgji ivanov maladi lideri (2) (Custom)

 

Gjorgji ivanov maladi lideri (6) (Custom)

 

Gjorgji ivanov maladi lideri (10) (Custom)

 

Gjorgji ivanov maladi lideri (4) (Custom)

 

Школата за лидери чиј што покривител е претседателот Иванов со целосна поддршка од приватниот сектор за прв пат беше организирана кон крајот на август 2010 година во Охрид.

Вкупно, во четирите обуки, учествуваа над 150 млади луѓе од целата земја, со различен академски и професионален фокус, а со желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Пред четирите генерации учесници на Школата за млади лидери свои предавања одржаа над 100 реномирани предавачи од Република Македонија, регионот , Европа и Сад.

Мисијата на школата, е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција, и културната и религиска диверзификација.

 

Реализацијата на школата е во целост поддржана од приватниот сектор преку донации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top