Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера ги посети општините Делчево, Пехчево и Берово, како и повеќе села.
Во Делчево македонскиот претседател се сретна со граѓаните, како и со група стопанственици од овој град. На средбата, претседателот Иванов ги поттикна бизнисмените да ги искористат поволностите што се нудат со владините мерки, со цел развој нивниот бизнис и воопшто на овој крај. Стопанствениците посочија дека отворањето на новите технолошко-индустриски развојни зони ќе создадат услови за нови вработувања и ќе придонесат за економски развој на повеќе делови во Македонија.
Иванов имаше можност да размени мислење и со младите луѓе од овој крај кои го запознаа со предизвиците со кои тие се соочуваат во процесот на образование и во однос на вработувањето и ги поздравија проектите кои ги иницираше претседателот Иванов со цел квалитетно образование и развој на науката.
Во оваа општина, претседателот Иванов ги посети селата Габрово, Стамер, Град, Вирче, Тработилиште и Разловци, чии жители го поздравија и разменија мислења околу можностите за развој на нивните села и унапредување на условите за живот.
Во околината на Пехчево, македонскиот претседател ги посети селата Умлена и Чифлик.
Од Пехчево, Иванов посети неколку беровски села, Смојмирово, Владимирово, Русиново и Ратево.
Посета на овој крај македонскиот претседател ја заврши во Берово, каде што оствари средба со граѓаните на овој град, а притоа го посети и Ромско маало. Жителите на Берово ја поздравија континуираната поддршка од страна на државата во насока на развој на туризмот во овој регион.
Претседателот Иванов им порача на претставниците на локалната самоуправа од овој крај да се фокусираат на проекти со цел унапредување на прекугранична соработка и да ги искористат можностите кои ги нудат европските фондови за таа намена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани




