| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот детектор за рак им помага на хирурзите

Руските научници конструирале единствен детектор кој ќе им помогне на хирурзите да распознаваат најмал тумор во раната фаза на болести. Детекторот кој изгледа како пенкало веќе е испробан во операциона сала

Operacija-575x357
Ретка форма на рак – невроендокринен тумор, само пет милиметри големина, е речиси невозможно да се најде, и да се дојде до него. Но, со употреба на новиот уред тоа стана возможно.

Експертите го маркираат туморот со радиоизотопи. Притоа, радиоактивниот препарат се акумулира само во оштетените клетки. И тие почнуваат да зрачат.

Во текот на операцијата уред го „лови” зрачењето, и им помага на хирурзите да го отстранат целиот тумор без остатоци. Поради што, е целосно исклучено враќањето на болеста.

Овој руски уред е многу поефтин од американската детектор, кој чини 50 илјади евра. Новит руски чини десетици милиони евра.

Покрај тоа, како што е посочено од страна на лекарите кои го тестирале во Швајцарија, тој е универзален и совршен. Со помош на таквиот детектор може да се решат ретките болести и да се зголеми квалитетот на хирургија.

Хирургот за кратко време може ефикасно да го отстрани туморот и текои го опкружуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top