| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените во „Калабрија“ добија притвор, државата им го заплени луксузниот имот (ВИДЕО + ФОТО)

Триеседневен притвор им е одреден на 13 приведени во вчерашната акција „Калабрија“ во Куманово.

kalbr

Станува збор за 43-годишен кумановец, неговите четворица браќа, две нивни сопруги и шест синови, кои во еден подолг период се стекнале со поголема имотна и материјална корист вршејќи кривични дела од областа на насилен криминал, изнуда и лихварство, како и преку недозволена трговија со дрога во Македонија и Швајцарија и пуштање во оптек на нелегално стекнати средства преку сопствени сметки и правни лица во нивно владение.

Групата е роднински структуирана, предводена од 43-годишниот кумановец, а сите членови од семејството биле задолжени за различни криминални активности,  кои противправно стекнатите средства ги пуштале во промет коритејќи ги сметките на своите фирми, банкарските сметки и услугите за брз трансфер.

Како што посочи министерката за внатрешни работи, Годрана Јанкулоска, групата дел од стекнатите средства ги користела и за обезбедување недвижен имот на Косово. При тоа е утврдено дека криминалната група го поседува комплексот „Калабрија“ во кумановско Романовце, со површина од 1.405  квадратни метри составен од семејна куќа, печатница, пекарница, базен, потоа повеќе станбени и деловни простории со површина од 2.553 квадратни метри, пет куќи, земјиште со површина 49.890 квадратни метри.

)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top