Лариса Рикелме, позната како една од најжестоките и најзгодни навивачки за парагвајската репрезентација на Светското првенство во фудбал во 2010 година, беше жртва на напад на разбојници во домот на нејзиниот свршеник.
На роденденската забава на мајката на нејзиниот свршеник, фуддбалер Џонатан Фабро, во куќата влегле шест вооружени разбојници.
Тие го врзале целото семејство, кое било присутно на забавата, и не избирале кому ги упатуваат ударите. Еден од нив ставил нож под грлото и на четиригодишно девојче.
По бесниот напад врз присутните на забавата, крадците од станот го собрале накитот, парите и сите лаптопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


