| четврток, 6 декември 2018 |

Честото бакнување е добро за забите и за имунитетот

Бакнувањето е добро за забите и го засилува имунитетот, а ги намалува симптомите на алергија и на стрес, тврдат научниците.
Стоматологот Метју Месина укажува на ефектот од т.н. „влажен бакнеж“, кој поттикнува производство на плунка, која од забите ги отстранува штетните бактерии.

Научниците, исто така, наведуваат дека со бакнеж можат да се согорат две до шест калории во минута. Исто така, многу фацијални мускули се активираат при бакнување и само неколку минути дневно се доволни за значително подобар изглед на образите и челото.

Стручњаците укажуваат дека не може да се негира фактот дека при бакнувањето се доаѓа до размена на бактерии, при што една е многу опасна за бремените жени. Меѓутоа, истражувачите веруваат дека кога овој вирус жената го добива преку бакнежи во мали дози пред да забремени, тогаш се развива отпорност и вирусот не се пренесува на детето.

Чувството на релаксираност за време на бакнежот не е само во главата на поединецот, туку истражувањето спроведено во 2009 година потврдило дека и кај мажите и кај жените се намалувало нивото на кортизол (хормон на стрес) по бакнувањето.

Студијата спроведена во Јапонија покажала и дека двојките кои се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеини, кои предизвикуваат алергиско кивање и течење на носот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top