| четврток, 6 декември 2018 |

Матеус не знае дали местел или го местеле

Лотар Матеус напиша во својата автобиографска книга „Сè или ништо“ дека учествувал во меч што бил наместен, а, сепак, не презема одговорност дека и тој бил дел од ујдурмата.

Се работи за дуелот меѓу Партизан и Рад, од пред 10 година, а легендарниот германски фудбалер тогаш беше тренер на „црно-белите“.

Матеус пишува во книгата дека победата на Рад била дел од договор за да се вратат долговите од натпреварот одигран две сезони претходно, кој Партизан го добил со 3-2, и тоа со пресврт.

Во еден период пред именувањето на Бошко Ѓуровски за селектор на Македонија, во игра за истата позиција беше токму и Лотар Матеус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top