| четврток, 6 декември 2018 |

ОН со нови норми за пресметување на потрошувачката на гориво на возилата

Економската комисија на ОН за Европа вчера во Женева усвоила нова норма за пресметување на потрошувачката на гориво на возилата, која е поблиску до реалноста од постојната.

Вистинската потрошувачка на некое возило често се разликува од таа што ја наведува производителот. Нормата наречена WLTP треба да го замени постојниот систем NEDC, кој функционира од 1996 година.

– Методологијата што ќе се користи во лабораториите што ги прават тестовите за потрошувачка на возилата многу е делотворна – најави Економската комисија на ОН.

Државите што ја прифатија новата норма имаат една година за да ја спроведат во практика. Досега ја прифатија ЕУ, Австралија, Кина, Индија, Јапонија, Норвешка, Јужна Кореја, Молдавија, Русија, Јужноафриканска Република и Турција. Канада и САД биле воздржани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top