| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени албански оџи што испратиле најмалку 50 Албанци во Сирија

odji

Самопрогласените имами од џамијата „ Нов прстен“ во Тирана и онаа во селото Мезез и уште шест лица кои вчера беа уапсени ќе одговараат пред албанските власти за тероризам. Акцијата на апсење на членовите на териристичката ќелија во истовреме била спроведена во Тирана, Елбасан, Либраж и Подградец.

Од десетмесечната истрага на Обвинителството за тешки кривични дела било утврдено дека тие регрутирале муслимански верници, меѓу нив и жени и деца и ги испраќале за да војуваат во Сирија. Дека функционира ваква терористичка ќелија и оти регрутира млади лица за војна во Сирија, албанската тајна служба, ШИШ, добила сигнали од странски тајни служби. Според извори на весникот „Газета шќиптаре“ ШИШ почнал да ги прислушкува двајцата, сега уаспени имами, Генци Бала(35) од Либражд (имам во џамијата во Тирана) и Бујар Хиса(43), од џамијата во Мезез.

Истиот извор потврдува дека, тие, во боиштата во Сирија испратиле најмалку 50 Албанци од нив официјално е потрведено дека петмина се загинати. Јавниот обвинител за тешки кривични Еуген Беци за албанските медиуми изјави дека налог за апсење е издаден за уште седум лица.

Во досието на Обвинителството Генци(Абдурахим)Бала стои дека тој е главниот организатор на регрутацијата, организирањето и испраќањето на албански муслимански верници за џихад во Сирија.

Тој е познат во радикалните кругови во земјава како еден од најистакнатите теолози на радикалната струја „Текфиристи“.

„Бала е една од најрадикалните теолози, кои го пропагираа насилниот ислам, поттикнува омраза меѓу верниците, како и меѓу другите религии, го промовира духот на раздорот во рамките на муслиманската заедница, и е еден од главните инспиратори и организаторите за регрутирање муслимански верници и нивно испраќање милитантен џихад во Сирија , – стои во досието на Бала кој завршил факултет во Исламскиот универзитет во Менина(Саудиска Арабија).

Тој ги попречувал муслиманските деца да посетуваат настава во јавните училишта. Отворил училиште во џамијата во Тирана каде учениците учеле само веронаука и арапски јазик.

Tој повикувал верниците да не ги признаваат државните институции и демократијата, повикувал на омраза кон западните земји, заштита на оние кои војуваат за џихад во Сирија. Бујар Хиса бил негов следбеник, еден од наекстремните радикални исламисти, кој повикувал на истите нешта како и Бала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top