Во Виница е прогласена епидемија од варичела, но според надлежните, заразната болест е под контрола. Бројот на заболени бил 55.
– Болеста е ставена под контрола иако прогласивме состојба на епидемија. Меѓу заболените има и деца од градинка, но и на возраст од 35 и 40 години – изјави д-р Горан Николов, епидемиолог, раководител на подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Виница.
Според Николов, градинките, основните и средните училишта работат редовно. Вирусот се пренесува преку воздух со кашлање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.