– Во откупно-преработувачката дејност имаме одлични резултати. Фактот дека компаниите од Македонската асоцијација на производители пласираат дури 53 отсто од вкупниот извоз во земјите членки на ЕУ е доказ за имплементацијата на ЕУ стандардите во производството – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на откупно-дистрибутивниот центар „Алтра“ во Гевгелија.
– Целта е да ги задржиме постоечките пазари и да освоиме нови. За тоа треба многу труд во јакнењето на дијалогот меѓу преработувачите и производителите, дополнителен анагажман во маркетингот и генерално осовременување на производството – нагласи Димовски, додавајќи дека во оваа насока се и измените на ИПАРД програмата.
Сопственикот на „Алтра“ Трајко Алчинов информира дека се во тек подготовките за претстојната откупно-производна сезона во која исто како лани 95 отсто од производството ќе биде наменето за извоз. – Суровините за производство ги обезбедуваме со откуп на вишок производи, но проблем е несоодветната координација со производителите – рече Алчинов и од министерот Димовски побара да се заложи соработката со примарниот сектор да биде многу поблиска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



