Хрватска се уште се созема од заложничката драма што вчера се случи во градот Ѓурѓевац. Човекот кој го предизвика хаосот, 46-годишниот Здравко Кенџелиќ, е зад решетки, но сѐ уште се во шок жената која беше киднапирана и нејзината 9-годишна ќерка која била со неа во автомобилот.
– Ќерка ми е во шок. Враќањето од ракометниот тренинг се претвори во ноќна мора. Никогаш во животот не видела пиштол – вели Здравко Патачко, сопругот на Ана, која завчера околу 18.20 часот била киднапирана од Кенџелиќ.
Во решавањето на драмата учествувале сите расположиви полициски единици, вклучувајќи ги и специјалните единици и хеликоптери.
Киднаперот бил познат во неговиот град како проблематичен човек, но ретко кој знаел детали за неговото криминално минато.
– Носеше пиштол, имаше ножеви… Израсна во Германија каде што лежеше по затвори. Се плашев од него и ја заклучував дома за да не нѐ краде, раскажува вдовицата на таткото на Кенџелиќ.
По обидот да украде сапуни од маркетот на Лидл во градот, тој се судрил со обезедувањето, но успеал да побегне. Се упатил кон неговата куќа во која живеел под кирија, но таму полицијата му поставила заседа. Крадецот дошол во куќата дури вечерта околу 18.30 часот, токму во моментот кога по улицата минувала 39 годишната Ана Потачко, мајка на две деца, која со деветгодишната ќерка се враќала дома. Пред да влезе во сопствениот двор почнале да фрчат куршуми. Кенџелиќ претрчал преку улицата, ја отворил вратата од пежото, го исфрлил детето надвор, седнал на совозачкото место и филмски и вперил пиштол во главата наредувајќи и на жената да вози. Жената во шок успеала само да и ги фрли клучевите од куќата на ќерката за да влезе дома. Заложничката драма траела до 8.20 часот кога упаднал во заседа поставена на источниот влез на Загреб. Бил пречекан од антитерористичките единици, а за среќа не дал оптор.
Жената немала физички повреди. По лекарскиот преглед, дала исказ во полицијата и ги опишала местата каде биле во текот на ноќта, но за сега не се објавени тие детали во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.