| четврток, 6 декември 2018 |

Најниската пензија повисока за 76% а просечната за 62% во споредба со 2006 година

Од 2006 до 2014 просечната пензија во Македонија се зголемила за 62%, од 7.683 на 12.445 денари.

Најниската пензија пак се зголемила за 76% од 4.330 на 7.620 денари, додека највисоката пораснала од 27.606 денари на 36.007 денари или за 30,43%.

Од Сојузот на здруженијата на пензионерите велат дека покачувањата се клучни за подобрување на стандардот и овозможување на здрав и активен живот на околу 280 илјади пензионери во земјата.

 

Последното покачување на пензиите, за 600 денари, стартуваше од февруари.  За таа намена од буџетот се издвоени 1,8 милијарди денари.

Од владата велат дека зашитата на пензионерите е приоритет. Старосната граница за пензионирање останува непроменета за разлика од други земји, како и дека Македонија е единствената земја во Европа која во тешки економски времиња во континуитет ги зголемува пензиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top