Откако конзервативниот заменик-градоначалник на град Депок, во близина на Џакарта, ги повика родителите да ги спречат своите деца да учествуваат во прославата, на ваквите повици се приклучија и локалните верски лидери.
– Не сакаме целосно да го забраниме Денот на вљубените, но тоа не е за тинејџерите. За нив тоа е можност да искажат љубов и наклонетост и често завршуваат на „секс-забави“, како во западниот свет, истакна секретарот на најголемата муслиманска организација „Нахдлатул улама“, Раден Саламун Адининграт.
Хабиб Идрус Ал Гадри, кој го предводи Фронтот на исламските бранители во Депок, го прогласи Денот на Св. Валентин забранет за муслиманите, тврдејќи дека овој празник е дел од културата на „неверниците“.
Истовремено, десетина девојчиња во градот Маланг, во источниот дел на Јава, протестираа со шамии на глава против прославата на денешниот ден, прогласувајќи го 14 февруари „ден на носење шамии“.
И покрај повиците и протестите против Денот на вљубените, голем број трговски центри, хотели и ресторани во Индонезија денеска организираат тематски забави и социјални настани, пренесе МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.