| четврток, 6 декември 2018 |

Напнатост во пресрет на денот „Д“ на Крим: Русите се прегрупираат

На Крим се одборјуваат последните денови пред историскиот референдум на кој ќе се гласа за поголема автономија и останување во составот на Украина или приројување кон Руската Федерација. Севастопол освен по Црноморската флота, познат е и како најрадикален на полуостровот. Овде воопшто не се поставува прашањето како ќе гласаат граѓаните, прашање е само колку проценти ќе недостигаат за едногласна одлука за припојување кон Русија. Во градот е речиси невозможно да се види барем еден симбол на Украина, а руските знамиња се веат на секој чекор. Поддршката се искажува во секоја прилика. Денеска бродот кој го блокираше влезот во заливот ја напушти својата позиција и заменет е со два ремокери. Никој не знае за што станува збор, но најверојатно со нив се донесени нови трупи руски војници на Крим. Русија за засилува воената присутност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top