Европската комисија вчера побарала од сите држави членики на ЕУ да направат ДНК тестирање на производите на база на говедско месо, поради скандалот со коњското месо во замрзнатите готови јадења.
“Комисијата препорачува сите држави од ЕУ да направат ДНК контрола на производите што содржат говедско месо“, изјавил претставникот за здравје и потрошувачка Тонио Борг, по седницата на европските министри во Брисел.
Борг побарал првата серија тестирање да се одржи во март, а првите резултати да бидат објавени најдоцна до средината на април.
Тој побарал од Европската комисија што побрзо да размисли за декларациите на производите на база на говедско месо на кои би било наведено потеклото на месото.
Европската полициска служба Европол треба да ја координира криминалната истрага што се спроведува во некои земји на ЕУ, за да се утврди од каде потекнува измамата што довела до употребување на коњско месо наместо говедско.
Аферата избувна минатата недела кога во Велика Британија откриено е дека лазањите од марката “Финдус“ содржат коњско месо додоека на декларацијата пишувало говедско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



