| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Од дијалогот Приштина- Белград сите ќе имаат корист

Од дијалогот меѓу Приштина и Белград полза ќе имаат сите граѓани на Косово и целиот регион, оцени претседателот на САД, Барак Обама

121219_barack_obama_guns_reuters_328

Обама ова го напиша во телеграмата со која на косовската претседателка Атифете Јахјага ѝ ја честиташа петгодишнината од независноста на Косово.

Заедно со поздравите за постигнатиот напредок и за укинувањето на набљудуваната независност, Обама посочува дека пред Косово претстои многу работа што треба да се заврши.

– Ви ги испраќам моите најсрдечни поздрави вам и на народот на Косово по повод петата годишнина од независноста на вашата држава. Вашата земја повлече историски чекори за завршување на набљудуваната независност – се наведува во телеграмата на Обама.

Во неа се истакнува дека Косово постигна напредок во консолидирањето на демократските институции, зацврстувањето на правниот поредок и економијата и развојот на толерантна мултинационална држава.

– Исто така, е постигнат напредок во дијалогот со Србија, што води напред кон нормализирање на односите и од кој полза ќе имаат сите граѓани на Косово, вашите соседи и целиот регион – изјави претседателот на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top