| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани криумчареле имигранти

Oделението за прекуграничен криминал и миграции деташирани во Гевгелија поднесе кривична пријава против лицата E.A.(22) и Џ.С.(34) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело “криумчарење мигранти”. Во саботата, околу 01.05 часот на локалниот пат Богородица – Гевгелија првопријавениот со ПМВ „Шкода Фелиција” прифатил и превезувал тројца мигранти од Сомалија и Конго, додека второпријавениот со автомобил „Опел Омега” прифатил и превезувал четири мигранти сириски државјани.

Од страна на судија во предходна постапка на пријавениоте им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top