На вечерашниот натпревар МЗТ беше на чекор до победа над домаќинот „Цибона“, но ја испушти шансата. На Цибона оваа победа и беше потребна и таа успеа да ја добие во продолжението од пет минути кога успеа да има погодок, така што натпреварот заврши 93:90, а Цибона остана во трка за пласман на завршниот турнир на АБА лигата.
До крајот на натпреварот се играше изедначено, но потоа играчите на Цибона направија серија од пет поени и со тоа се реши дилемата околу победникот. Најдобри поединци беа Синовец и Цветковиќ од кои првиот постигна 18, а вториот 17 бодови, но тоа не беше доволно и македонскиот тим остана на седмо место на табелата на АБА лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.