| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Скопје 2014 не е против никого, тоj е за нас Македонците

gruevski6
Се создаде политичка магла. Кога таа ќе падне, ќе останат само делата и тогаш ќе ја имаме вистинската оценка, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашање за проектот Скопје 2014, при гостувањето во шоуто на Миленко Неделковски во петокот.
Груевски нaгласи дека проектот Скопје 2014 има повеќе димензии. Има димензија на развој на туризмот, за привлекување на повеќе туристи, односно има што да се види, што да се покаже. Туристите сакаат да видат нешто интересно, атрактивно, нешто што е уникатно.

-Мислам дека низ годиниве, откако почнаа да се завршуваат проектите, порасна бројот на поддржувачи. На многу луѓе умот им го свртија многуте напади, обвинувања, спинови, невистини. Ние излеговме и кажавме точно колку чини и имаме договори за тоа склучени како поткрепа. Чини 208 милиони евра, се на се, кога ќе се заврши, рече Груевски.

Тој нагласи дека дел од опозицијата и дел од медиумите блиски до неа така жестоко го напаѓаат овој проект со многу невистини и спинови, што на многу луѓе им се замати умот.

-Тоа е еден кристално чист проект од аспект на законска процедура, проект со одлична намера. Не е против некого, тоа е за нас Македонците. Не е против Албанците, против Бугарите или против Грците или против Србите или против било кој друг. Некои се обидоа да го претстават и во таа насока, дека Скопје 2014 било антиалбански проект, рече Груевски.

Тој запраша зошто да е антиалбански проект, што е театарот антиалбански, што се Архолошкиот музеј и Уставниот суд антиалбански.

– Не можам да разберам. Некои албански аналитичари сакајќи да внесат зла крв одеа со тези дека ова е антиалбански проект По одреден број на години, кога ќе останат само делата и овие спинови и маглите се расчистат, тогаш ќе ја имаме вистинската оценка, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top