| четврток, 6 декември 2018 |

Далај Лама со поддршка за геј браковите

Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Далај Лама не ја одделува сексуалноста во потполност од религиозните уверувања. Тој за време на престојот во Вашингтон во интервјуто кај Лари Кинг, се осврнал на темите за геј браковите.

– Ако двајца луѓе, односно двојка, навистина чувствува дека тоа е практично, дека е некој вид на задоволство, и двете страни во потполност се сложуваат, тогаш тоа е во ред – ги прокоментирал Далај Лама геј браковите.

Кога станува збор за сексуалните односи, Далај Лама не ја одделува сексуалноста во потполност од религиозните уверувања. Но, и за верниците и за оние кои не веруваат важи следното.

– Постојат разни видови на секс, се додека е безбедно и доброволно, сосема е оправдано. Но, насилството е потполно погрешно. Тоа е кршење на човековите права – додал Далај Лама.Признавањето на геј браковите станува се пораширено во Западниот свет и во Латинска Америка, таа пракса се очекува и во оние земји во кои не постои пошироко прифаќање.

Далај Лама важи за многу прогресивен мислител, а за себе рекол дека е феминист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top