Меѓународниот ден беше повод оваа сабота неколку компании да изнудат насмевки на женските лица.
На пример плаќањето сметки не секогаш е повод за насмевка, но сите дами кои денеска плаќаа сметки за струја на шалтерите на ЕВН Македонија, добија роза како честитка од компанијата за 8 март. Некои насмеани и позираа со своите партнери.
ТАВ Македонија пак, на припадничките на понежниот пол кои патуваа денес низ аеродромот „Александар Велики“ Скопје им подели цвеќе по повод 8-ми Март. Вработените беа пресреќни што денес ја има честа за оваа дополнителна работна задача. Фотографиите се на Ирена Мила.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


