Демонстрантите во Венецуела денеска повторно ќе одржат протестен марш заради хроничниот недостиг на прехранбени намирници, една од главните причини за серијата протести со кои се соочува владата на претседателот Николас Мадура.
Новиот протест го организира најистакнатиот опозициски лидер Енрике Каприлес, кој два пати ги изгуби претседателските избори. Неколку часа пред почетокот на протестите Каприлес на Твитер напиша дека мадуро сака да „постави пречки“ на демонстрантите.
„Нашите луѓе имаат право да протестираат и ние мирно ќе протестираме“, напиша тој на Твитер.
Протестот, кој се совпаѓа со Меѓународниот Ден на жената, ќе опфати и прошетка на невработени мајки, кои ќе лупаат со лонци и тенџериња, што е традиционален начин на протест ширум латинска Америка.
Протестите во Венецуела се одбележани со редовни судири меѓу безбедносните сили и порадикалните демонстранти. Најмалку 20 лица загинаа од избувнувањето на протестите во Венецуела пред еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


