| четврток, 6 декември 2018 |

Трагикомедија во Лесковац – го заборавил новороденчето во багажник, а мислеле дека некој им го украл

– Кој го украде нашиот Синиша, да цркне да даде господ! Рацете да му се исушат, да побудали – вака возбудени и расплакани викаа новопечените родители Д.С. и Ж.С. на паркингот пред еден супермаркет во Лесковац, Србија, откако забележале дека на задното седиште го нема нивниот син, новороденче, кој само што го зедоа од болница за дома.

Околу нив се собраа граѓани за да им помогнат, повикаа полиција, но вознемирениот татко Д.С. (24) и неговата 20-годишна сопруга не престануваа со клетвите за „крадецот“ на Синиша, пишува новинарот на српски „Курир“, кој бил очевидец на настанот.

Во најголемата паника, се слушнал бебешки плач. Целиот паркинг занемел, само четиригодишната ќерка на младата брачна двојка почнала да скока околу автомобилот викајќи: Тато, тато, брат ми е во багажникот!

Таткото го отворил багажникот и го видел новородениот син. Тој толку бил возбуден што ќе ги земи својата сопруга и синот од болница, што по грешка ја ставил кошницата во багажникот. Бебето цело време спиело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top