| четврток, 6 декември 2018 |

Од Икс-фактор тврдат дека шоуто не може да се намести

daniel

Од шоуто Икс-фактор тврдат дена нема неправилности во гласањето и никому не може да му биде одземена победата. Ова го изјави Милена Поповиќ, за српскиот портал „Телеграф“.

Според нив, ова се измислици на луѓе кои нашле прилика да се рекламираат, како Велибор Џаровски- Џаро, кој вчера тврдеше дека на Даниел ќе му ја украдат победата.

-Вакви работи кажани од таму некои личности не заслужуваат коментар. Икс Фактор работи по странска лиценца, која многу скапо ја плативме. Истата емисија се емитува во 43 земји и смешно е да се разговара за местење. Си има строги правила и тим од сопственикот на лиценцата кој сето тоа го контролира. Затоа ниту на Даниел ниту на кој било друг може да му биде украдено нешто- објаснува Поповиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top