Русија нема да го прифати говорот на закани и санкции од страна на ЕУ, но ако тие бидат воведени тогаш нема да остане без одговор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Во документот се наведува дека Москва била „збунета“ од резултатите на вчерашната вонредна седница на Европскиот совет во Брисел, посветена на ситуацијата во Украина.
Министерството ја оценува како „крајно неконструктивна“ одлуката на ЕУ да ги замрзне преговорите со Русија за визна либерализација.
Рускиот дипломат Анвар Азимов, кој е главен преговарач во дијалогот со ЕУ за визите, во одделна изјава истакна дека Унијата не вовела никакви визни санкции кон конкретни руски граѓани, вклучувајќи ги и политичарите. Но, според него, доколку тоа се случи ќе биде прекршен договорот од 2006 година за поедноставување на постапката за издавање визи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.