| четврток, 6 декември 2018 |

Финална фаза од изградбата на паркот на ветерници (фото)

elem-5-n

Македонија е на прагот на пуштање на првиот парк на ветерни електрани во оперативна употреба. Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата.  На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а наскоро овој капацитет ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија.

На самиот процес монтажа, претходеше и исклучително сложената операција за транспорт на компонентите на ветерниците. Деловите од само една  ветерница за да се превземат од Солунското пристаниште до самата локација  беа распоредени во десетина огромни камиони, што формираа конвој подолг од еден километар.

veternici3

Вкупната тежина на сите компоненти што сочинуваат една ветерница надминува 330 тони. Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот што претставува компонента која ги спојува перките тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони.

veternici1

Турбините, производство на Сименс – Данска се  меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW. Висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.

Целосно веќе е завршена  изведбатата на потребната инфаструктура и придружни објекти за  ветропаркот. Изградена е патна инфраструктура, приклучен далековод, командна зграда и  20/110KV трафостаница, а паралелно тече ископот и бетонирањето на темелите за ветерниците.

veternici4

Проектот „Богданци“ предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои се очекува  да испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани на Република Македонија.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top