Украина е подготвена за разговори со Русија, но Москва прво треба да ги повлече своите војници, да ја прекине поддршката на сепаратистите и на терористите и да ги почитува меѓународните договори, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук.
Тој нагласи дека разговарал по вторпат со рускиот премиер Дмитриј Медведев. Двајцата претходно разговараа во саботата, и тоа беше единствен контакт на високo ниво меѓу Украина и Русија од почетокот на кризата.
Во однос на одлуката на кримскитe власти за спроведување референдум на 16 март за приклучување на Крим кон Русија, украинскиот премиер изјави дека никој во цивилизираниот свет нема да ги признае резултатите од овој таканаречен референдум, организиран од таканаречени власти.
Јацењук нагласи дека пакетот со помош на ЕУ за Украина изнесува 15 милијарди евра, јави ИТАР-ТАСС.
Тој појасни дека во најбрзо време земјата ќе добие 1,6 милијарда евра,, што ќе овозможи Украина да изврши реформи и да ја стабилизира економијата.
Новиот премиер на Украина увери дека политичкиот дел од договорот за асоцијација на Украина со ЕУ ќе биде потпишан идната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.