Хокеарот со македонско потекло, Стивен Стамкос, се врати на мразот и го одигра првиот меч за Тампа Беј по цели 4 месеци, откако ја скрши коската на потколеницата на 11 ноември на дуелот со Бостон бруинс.
Ноќеска Стамкос беше во првата постава на Тампа Беј против Бафало Сејберс, а неговиот тим загуби со 1-3, во еден од клучните мечеви за пласман во плејофот.
Стив имаше солиден старт на сезоната со 14 гола на 17 натпревари, но и голема несреќа на дуелот со Бостон кога удри со ногата во рамката на голот и заработи тешка повреда. Тој на двапати беше најдобар стрелец во НХЛ, а поради повредата не играше на Зимските олимписки игри во Сочи за Канада, репрезентација што го освои златниот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст