Претседателот Ѓорѓе Иванов и вечерва покажа дека е голем љубител на музиката. Тој заедно со неговиот син присуствуваше на концертот на познатата група „Симпл мајндс“. Познато е дека и на синот на Иванов хоби му е музиката, па заедно уживаа на спектакуларниот концерт на шкотскиот состав. Во нивно друштво беа и министрите Спиро Ристовски и Гордана Јанкуловска, како и градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.