Избраниците на новиот селектор Бошко Ѓуровски ќе играат пријателски натпревар против Камерун на 26 мај во Куфштајн, Австрија, објави „Би-Би-Си“.
Камерунците од 20 мај до 31 мај ќе бидат на базични подготовки во Австрија, а досега имаат закажано тестови со Македонија, на 26 мај, и со Парагвај три дена подоцна.
Ова ќе биде одличен тест за македонската фудбалска репрезентација, пред стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2016 година. Пред три години, на 9 февруари 2011, Македонија на пријателски меч во Скопје загуби од Камерун со 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Чиле се мачеше со Камерун но стигна до стартната победа на Купот на конфедерациите (видео)