Од јануари следната година, кога почнува третата и последна фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, граѓаните ќе добијат можност повторно да имаат дневна евтина тарифа за струја, пишува весникот „Дневник“.
Oд следната година либерализацијата почнува да важи и за граѓаните, кои ќе добијат можност самите да изберат од која фирма ќе се снабдуваат со електрична енергија.
Во трка за потрошувачи, фирмите се подготвени да понудат поволни услови, а еден од нив е и враќање на дневната евтина тарифа, вели за весникот Кочо Анѓушев, сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), една од фирмите што ќе снабдува на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.