| четврток, 6 декември 2018 |

Трошоците во градежништвото пораснале за 1,4 процент

zgradi-novo-lisice

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последниот квартал од 2013 година бележат пораст од 1,4 процент во однос на четвртиот квартал од 2012 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на исто ниво, трошоците за материјали се повисоки за 0,2 проценти, а трошоците за вработените се пониски за 0,7 проценти.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4 процент, трошоците за материјали се пониски за 2,5 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top