| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа восочниот Александар Македонски (фото)

Восочните фигури на Александар Македонски, на мајка му Олимпија и на татко му Филип Втори Македонски, од Русија веќе се пристигнати во новиот Археолошки музеј. Овие восочни фигури, се дел од вкупно 15. што ќе бидат изложени во специјалната поставка во новиот Археолошки музеј, чие отворање ќе се случи наскоро.

Восочните фигури на Александар Македонски, Олимпија и на Филип Втори Македонски, се изработени во Русија. Карактеристично според директорката на музејот, Весела Честоева, што тие се изработени во природна големина. Покрај нив, како восочни фигури во Археолошкиот музеј, публиката ќе може да ги види и Аристотел, Флавиј, цар Самуил, Крале Марко.

vosocni figuri

-Изложбата во музејот ќе биде како бајка. Посетителите навистина ќе уживаат во прошетката низ музејот. На влезот на подот ќе бидат поставени интерактивни Лед-монитори, како и копија од саркофагот на Александар Македонски. Изложбата ќе го опфати периодот од праисторијата до средниот век во Македонија, а ќе бидат изложени илјадници уникатни археолошки предмети, дел од мозаиците, а ќе има и реконструкции на населби, базилики и други содржини објаснува директорката Весела Честоева за Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top