Од 2006 година досега пензиите во земјава се зголемени, во просек за 62 отсто. Просечната пензија во Македонија сега изнесува 12.445 денари, за разлика од 2006 година, кога изнесувала 7.680 денари. Според министерот за труд и за социјална политика, Диме Спасов, најголемо зголемување има кај најниските пензии, за дури 76 отсто.
2006 2014 % зголемување
-просечна пензија 7.683 12.445 62 %
– најниска пензија 4.330 7.620 76 %
– највисока пензија 27.606 36.007 30 %
Во 2006 година имало 269.681 пензионер, моменталната бројка е 292.794 или зголемување од 8,75 проценти. Засега нема ризик во пензискиот систем, вели министерот Спасов.
– Пензионерите и понатаму редовно ќе ги добиваат пензиите, бидејќи грижата за нив е приоритет за оваа Влада – изјави Спасов.
Во делот на социјалната помош во последните седум години таа е зголемена за 47%. Според податоците на МТСП просечно во 2006 таа изнесувала 2.900 денари, сега изнесува 4.266 денари. Постојаната парична помош се зголемила за 46% или ако во 2006, таа изнесува 3.695 денари во просек, сега помош се исплаќа во висина од 5.329 денари.
– Таквиот тренд на зголемување на паричната помош вели Спасов ќе продолжи и во наредниот период – најави Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.