Демир Далип, овластен претставник на Египканите за надворешна соработка, во својата колумна објасни зошто Египканите од Македонија треба да го поддржат кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.
– Република Македонија, реално е мултиетничка, мултиконфесионална, мултикултурна држава, каде има доминантен македонски народ. Секој обид да се заобиколи или да се намали вредноста на таа објективна стварност, преставува само едно грубо и непотребно ,,силување,, на нешто што постои и свесноста дека е тоа така. Тоа, најдобро изминатите 5 години, знаеше да го менаџира претседателот на Р.Македонија, проф. д-р. Ѓорѓе Иванов. Како резултат на неговите, несомнено силни интелектуални но демократски капацитети, Египканите како никогаш досега, ја имаа таа можност, дури 2 пати, да бидат примени од страна на Иванов и тоа првата средба беше реализирана во март 2011, а втората средба, како неформална, се случи во јануари 2014 година. На тие средби, драги мои, како никогаш досега, ја имавме можноста детално да го запознаеме шефот на државата со сите проблеми со кои се соочува Египканецот во Македонија – вели Далип.
Тој истакнува дека Египканите немаат право на грешка и имаат кандидат за претседател, кој детално е запознат со проблемите на околу 30.000 Египкани во Р.Македонија и кој дефинитивно има волја да помогне.
-Ваква можност, ниту смееме ниту требаме да испуштиме, поради нас, но и поради генерациите кои доагаат. Мораме да ја сносиме , сите ние, одговорноста за секој наш потег, секоја наша одлука, индивидуална но и колективна. Подршката на кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов , не преставува ништо друго освен влог во подобра иднина за припадниците на овој децениски малтретиран, маргинализиран, обесправен, оспоруван , а сепак лојален етникум – вели Далип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани