Со раскошна сценографија и проверена актерска екипа новата комедија на Вес Андерсон „Гранд Хотел Будимпешта“, кој е во дистрибуција на МЦФ МКД од утре, 6 март ќе биде на редовен репертоар во кината во Македонија.
Филмот „Гранд Хотел Будимпешта“ е реконструкција на авантурите на Густав Х., легендарниот консиерж на далеку прочуениот европски хотел помеѓу две војни, и портирот Мустафа, момче кое станува негов најверен другар. Филмот ја прикажува кражбата и враќањето на една слика од ренесансата со непроценлива вредност, како и борбата за огромното семејно наследство во време на драматични промени во Европа.
Ралф Фајнс ја игра улогата на Густав Х. промискуитетен настојник, кој ѝ го „украл“ срцето на старата богаташка Мадам Д. (Тилда Свинтон). Меѓутоа, Мадам Д. ненадејно починува, а тестаментот кој е пронајден, открива дека на Густав му остава непроценливо богатство. Приказната се комплицира поради тоа што синот на починатата богаташка под ниеден услов не сака да се откаже од сликата, затоа Густав се одлучува да ја украде. Во таа цел му помага потрчкото Зиро Мустафа, за кој се испоставува дека му е најверен пријател.
Покрај Фајнс и Бредли, во филмот се појавуваат уште 15 познати имиња (Едвард Нортон, Бил Мареј, Овен Вилсон, Сирша Ронан, Џеф Голдблум, Џуди Ло, Вилем Дафо, Харви Кајлте, Ф. Мари Ејбрахам…), што „Гранд Хотел Будимпешта“ го прави филм со „најѕвездената“ актерска постава во историјата на Холивуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст