| четврток, 6 декември 2018 |

56 000 затвореници болни од СИДА

zatvor
Околу 56 илјади затвореници кои издржуваат затворски казни во руски затвори се болни од СИДА, јави ДПА.

Според руската служба за контрола на извршување санкции, 56 илјади од вкупно 702 илјади затвореници во Русија го носат ХИВ-вирусот. Директорот на Службата Олег Коршунов призна дека медицинската опрема во затворите е застарена.

Во 2010 година главното обвинителство на Русија објави дека над 90 отсто од затворениците се болни – во повеќето случаи станува збор за туберколоза, СИДА и хепатит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top