Позитивните трендови на раст на индустриското производство започнати од минатата година продолжуваат и годинава. Тоа е сигнал дека после економската криза, започна период на опоравување. За тоа многу придонесоа странските инвестиции, кои ја кренаа вработеноста, извозот, но и растот на индустријата.
– Охрабрувачки е што индустриското производство го продолжува својот континуитет на раст и оваа година. Тоа е позитивен индикатор и во Сојузот на стопански комори на Македонија, сметаме дека после економската криза, оваа година се создадени услови за остварување на повисок економски раст- вели во изјава за „Република“, Митко Алексoв од ССКМ.
Инаку индустриското производство во јануари е поголемо за 6,4 отсто, објави Држаниот завод за статистика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.