Претседателот Иванов денеска го посети селото Долни Дисан во општина Неготино, каде оствари средба со граѓани.
Жителите на Долни Дисан го информираа претседателот Иванов за тековните зафати на локалните власти со чија реализација ќе се постигне урбанистички развој на ова село. Во таа насока, градоначалникот на Неготино ги посочи градежните активности за реконструкција на патниот правец Тимјаник – Долни Дисан за што се обезбедени 12.5 милиони денари, како и реконструкцијата на подрачното училиште, во вкупна вредност од 2.7 милиони денари.
Жителите на село Долни Дисан очекуваат дека реализирањето на проектните активности на локалната самоуправа и Владата, ќе придонесе за поголем развој и напредок на ова населено место.Претседателот Иванов, воедно беше запознаен со два крупни проекти кои се во фаза на реализација, одведување на атмосферските води и комплетно уредување на централното подрачје во с. Долни Дисан, проект вреден 7.5. милиони денари.
Иванов го посети и селото Тимјаник. Жителите на Тимјаник изразија задоволство од посетата на претседателот Иванов и од ангажманот на локалните власти за осовременување на нивното село.
Во разговорите, беше посочено дека во тек е изградба на нов резервоар за вода, во вредност од околу 150 илјади евра, и дека неодамна во рамки на подрачното училиште била изградена ново спортско игралиште во вредност од вредност од 350 илјади денари.
Воедно, како проект во завршна фаза на реализација беше спомената изградбата на Дневен центар за стари лица, со капацитет за дневно користење од 50 лица, во кој се инвестирани околу 578 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.