Скопјани ќе добијат модерен и современ скејт парк, за кој градот купил реквизити за опремување, а склучен е и договор со фирмата „Фреакс дивисион“ од Скопје, вреден 81.000 евра, пишува Утрински.
Како што наведува весникот, за таа вредност ќе набави опрема за адреналинскиот парк, кој планира да го гради под Транспортен центар. Скејт-паркот ќе биде еден од ретките нови проекти кои актуелната градска власт ги планира за годинава.
– Со изградба на скејт-парк на територијата на Скопје ќе се реализира дамнешната желба на многу љубители на овие нови спортови кои се во се поголема експанзија како по масовноста така и по атрактивноста. Скејт-паркот би бил изграден според сите меѓународни стандарди и норми, а жителите на Скопје ќе добијат свое катче според најсовремени текови за спорт и рекреација – вели градоначалникот Коце Трајановски.
Кога ќе почне изградбата и кога ќе биде готов скејт-паркот, надлежните се уште не можат да прецизираат. Допрва ќе се утврдува и начинот на неговото функционирање, работното време, регулацијата на влезот и користењето на паркот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


