Веднаш по завршувањето на осмата емисија во живо синоќа на „Икс-фактор“, поранешниот кандидат и еднократен водител на шоуто Славко Калезиќ ја нападнал сегашната водителка Ана Грубин.
Според извори на „ТВ пакет“, целата приказна започнала непосредно пред емитувањето на шоуто, во текот на генералната проба. Ана доживеала непријатно изненадување кога видела дека Калезиќ ќе се појави во емисијата, па направила мал скандал.
– Тргнете ми го овој мајмун од сцена – викала Ана, а откако продукцијата одби да го направи тоа, таа го повикала обезбедувањето и заедно со нив заминала во својот апартман.
Ана настапот на Славко го најави не споменувајќи му го ни името, па по завршувањето на шоуто, таа се упатила кон својот апартман зад студијата, каде на вратата се појавил Славко
– Дивјачки удираше по вратите на апартманот на Ана, а водителката мораше да се заклучи и да ја турне фотелјата до бравата. Вриштеше: „Отвори да видиш што е Црногорец, сега ќе те здробам“ и целата зграда го слушна. На крајот мораше да интервенира обезбедувањето кое го оддалечило од апартманот – вели нивниот извор.
Ана не сакала да го напушти апартманот, се додека не била сигурна дека опасноста, односно Славко, си заминал од студијата. Актерите на скандалот се недостапни за коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“