| четврток, 6 декември 2018 |

Вака пеат Даниел и Маид кога нема судии (видео)

Вчеравечер учесниците на музичкото шоу „Икс-фактор“ пееле на затворена забава на еден белградски сплав. Во живо настапиле Даниел Кајмаковски, Лукијан Ивановиќ, Маид Хеќимовиќ, Фифи и Маринела Џогани (H20), Доктори, Тамара Милановиќ, женскиот бенд „Фор ју“, Маја Новаковиќ и Александра Секулиќ, а домаќинката на програмата била веселата водителка Уна Сениќ.

Во текот на вечерта на сплавот пристигнале и менторките Кристина Ковач и Емина Јаховиќ, но додека Кристина дошла до сепарето каде што седеле младите музичари за да ги поздрави, Емина со свое друштво седела на другиот крај на сплавот.

Присутните гости најдобро регирале на настапите на Даниел Кајмакоски и на Маид Хеќимовиќ.

Даниел прво ја отпеал песната „Red“, со која публиката го запамети уште на аудициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top