| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Субвенциите придонесуваат за економски развој

mmrzencii
Претседателот Иванов денеска го посети гевгелиското село Мрзенци.

Жителите го запознаа претседателот со тековните проекти кои се спроведуваат, изградбата на канализација, одржување на коритата на Мрзенска Река итн., и изразија задоволство од локалната самоуправа.

Со оглед на поволните климатски услови во овој крај, претседателот Иванов посочи дека со целосно искористување на земјоделските потенцијали и субвенциите од Владата, може да се придонесе за поголем економски развој на Мрзенци и на околината.

Покрај во земјоделството, беа разгледани и други области во кои постојат можности за привлекување инвестиции.

Изградбата на Коридорот 10 беше посочено дека ќе биде од огромно значење за севкупниот развој на целиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top