Познатиот штипски бизнисмен Горан Даскалов е пронајден мртов во штипската викенд- населбата Сутилак, објави „Телма“.
Според првичните информации, Даскалов починал од огнено оружје. На неговото тело била пронајдена рана од огнено оружје, а полицијата утврдува дали станува збор за убиство или за самоубиство.
Даскалов беше член на Управниот одбор на Текстилен кластер и до пред една година претсетдател на ФК „Брегалница“. Во Штип е познат како човек кој работеше во текстилниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.