Еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, Влатко Стефановски, годинава има повеќе причини за задоволство и за славење.
Неодамна тој го објави својот 32. албум „Сеир“, а оваа година се одбележуваат и 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
По тој повод, на 28 март во Универзална сала тој ќе одржи голем концерт, кој ќе биде своевидна ретроспектива на неговата досегашна работа. Воедно, тоа ќе биде можност и за концертна промоција на новиот албум.
Покрај Влатко Стефановски, на концертот ќе настапат и неколку негови долгогодишни музички соработници и пријатели – Џибони, Раде Шербеџија, Бајага и Каролина.
Соработката на Влатко и најавените гости е добро позната на јавноста, а нивното заедничко појавување на сцената секогаш било дочекувано со овации.
Организаторите „Баги комуникации“ најавуваат концерт кој долго ќе се памети и кој ќе ја одбележи оваа концертна година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.