| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова: Во Загреб се вљубиле моите родители, сега и јас

Македонската актерка Јелена Јованова е на насловната страница на хрватското списание „Супер Мила“. Таа е првата Македонка што игра главна улога во хрватска серија, чиешто снимање заврши неодамна.

Месеците што ги помина во Хрватска на Јелена Јованова ѝ донесоа и нова љубов. Таа во моментот е во врска со нејзиниот колега од серијата, Стјепан Периќ.

– Во Загреб се вљубиле моите родители, тука е роден и мојот брат. Среќна сум што и јас ја пронајдов љубовта во градот за која моето семејство го врзуваат само убави спомени. А, можеби, тоа е судбина – раскажува Јелена во интервјуто.

Серијата „Тајни“ наскоро ќе се емитува и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top