| четврток, 6 декември 2018 |

САД ги прекинаа сите воени врски со Русија

pentagon

Како што соопшти Пентагон, САД ги прекинаа сите воени врски со Русија поради руската интервенција во Крим.

– Тоа ги вклучува и заедничките маневри и средби, посета на бродови во пристаништа и воено планирање – изјави адмирал Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Тој додаде дека, покрај тоа што Министерството за одбрана има интерес од воена соработка со Русија, поради последните случувања во Украина, тие ќе ги прекинат воените врски и воедно ја повикаа Русија да ги врати руските војски во Крим во базите во согласност со договорот за руската црноморска флота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top