Популарната американска емисија „The Tonight Show“ воведе рубрика со наслов „Misheard Lyrics“. Целта е гледачите на Твитер да остават стихови од песните кои погрешно ги слушнале.
Така, во минатата емисија посебно интересна беше песната од Ролинг Стоунс „Start me up“. Поточно, една од гледачките стихот „If you start me up l’ll never stop“ го слушнала ни повеќе ни помалку како – In Yugoslavia you’ll never starve! (Во Југославија никогаш нема да гладувате).
Кои други стихови погрешно ги чуле гледачите на емисијата и како тие звучат во изведба на популарниот Џими Фалон, погледнете во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.